СДСМ ги претстави кандидатите за градоначалник и советници за локалните избори 2025

Позитивна кампања со директни средби со граѓаните, мини митинзи и активно користење на социјалните медиуми, најави Мартин Костовски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата за претстојните локални избори, на вчерашната прес-конференција на која беа претставени и кандидатите за советници.   

„Нашата програма содржи решение за сите проблеми во градот. Ветувам работа со голема посветеност и пожртвуваност за подобар живот на сите граѓани на Куманово“, истакна кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски.

„Кандидатската листа е составена од луѓе со вистинска визија за иднината на градот, луѓе кои се подготвени да се борат за промената која е потребна“, кажа кандидатот за носител на листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ, Томица Илиќ.