Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво денеска на повеќе локации во Куманово спроведоа кампања за деца, жени и стари лица – жртви на семејно насилство, информираат надлежните од Општина Куманово.
Според соопштението, на граѓаните им биле поделени флаери под наслов „Пријави насилство” со превентивни совети и насоки за пријавување и помош, а бил упатен и апел до сите лица, кои трпат психичко и физичко насилство ваквите кривични дела веднаш да ги пријават во СВР Куманово и Основно јавно обвинителство, со цел навремено преземање на мерки за спречување на вакви несакани појави.
-Апел и до стручните служби во училиштата да внимаваат на учениците, кои покажуваат знаци на насилно однесување, искажувајќи незадоволство и гнев кон другите деца преку врсничко насилство. Кампањата ќе продолжи и во наредните денови, пишува во соопштението.