Од дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи ги издвојуваме следниве настани:
Во СВР Куманово вчера околу 15 часот било пријавено дека на улицата„ Др. Рибар“ неколку лица физички нападнале 75-годишен државјанин на Холандија, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, час и половина подоцна, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 39-годишен жител на село Романовце бидејќи на улицата „ Илинденска“ се заканувал со огнено оружје на 22-годишен кумановец. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчеравечер во 19:00 часот во СВР Куманово 35-годишен кумановец пријавил дека во Средорек бил физички нападнат од едно лице, кој исто така му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.