Седум стари занаети во Куманово денеска беа свечено субвенционирани на Отворениот саем за мало стопанство во Занаетчискиот дом, во организација на Регионалната занаетчиска комора и Фондацијата за поддршка и развој на мали и средни претпријатија.
Досега регистрирани се петнаесетина занаетчии, а условот да се добие субвенција од Општина Куманово е поседување на занаетчиска дозвола.
Посетителите имаа можност да ги разгледаат штандовите и да купат уникатни занаетчиски изработки.
-Четврта година по ред Општина Куманово ги поддржува занаетчиите како резултат на што многу стари занаети кои што беа на изумирање веќе се возообновуваат како семејна традиција, кажа градоначалникот Максим Димитриевски.
-Занаетчиите во Македонија ги поддржуваме преку активните мерки на Министерството за економија и труд, но и преку поддршката на занаетчиските комори за поголема едукација за ретките занаети, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.
Занаетчиите пак, порачаа – во иднина надлежното министерство да се погрижи за субвенционирањето на старите занаети.