Зголемен криминалитетот во Куманово

Благо зголемување на криминалитетот  од 4,3 проценти во првото полугодие годинава споредбено со истиот период лани бележи полициската станица од општа надлежност во Куманово. „Ова значи дека е зголемен и бројот на кривични пријави, но и реализацијата накривичните дела“ – рече командирот на полициска станица од општа надлежност Игор Митевски , презентирајќи ја информацијата за преземени мерки и активности за првите шест месеци од тековната година.

– Најголем дел биле кривични дела од класичниот криминалитет, имотни деликти, кражби и тешки кражби. За одбележување е активноста на отсекот за економски криминалитет каде што по преземени обемни и интензивни активности, вкупно се откриени 87 кривични дела за разлика од истиот период,  лани кога се откриени 36 кривични дела. Најголемиот дел од нив се однесуваат на злоупотреба на службена положба,фалсификување службена исправа,несовесно работење во службата,оттуѓување на туѓи права,бесправно градење“ ,  изјави Игор Митевски, командир на ПС од општа надлежност  Куманово

Според надлежните,  се зголемил и бројот на сообраќајните незгоди на територијата на Куманово за 21, 1 проценти. Најчестата причина била непочитување на првенството на минување .

-Најголем дел од сообраќајните несреќи се случиле поради четири причини- непочитување на првенство на минување од учесниците во сообраќајот,не држење страна и правец  на движење, брзо возење и управување под дејство на алкохол. Како последица на оваа СВР Куманово, презеде опсежни акциски контроли како на републичко и локално ниво,со репресивни дејства кон учесниците во сообраќајот за непочитување на овие законски одредб -додаде Митевски.

Отсекот за превенција во првите шест месеци ги реализирал проектите „Безбедност во училиштата“ и „Соседски патроли“  од кои произлегува,како што рече Митевски ,  соработка и комуникација со граѓаните и се влијае врз  намалување на криминалитетот и нарушувањето на јавниот ред и мир.

Инаку , според командирот на полициската станица од општа надлежност, безбедносната состојба во Куманово е стабилна без нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем.

Коментари

коментар(и)