Во организација на пчеларското здружение „Пчела“ денеска беше отворена 25-тата саемска манифестација „Денови на мед 2025“ во Куманово. Поради неповолни временски услови, манифестацијата на која беа доделени плакети и благодарници на успешни пчелари во различни категории се одржа во Занаетчискиот дом.
Кумановци ќе имаат можност викендов да ги посетат штандовите со мед и други пчелни производи што ќе бидат поставени на градскиот плоштад. На саемот на мед овојпат учествуваат 34 излагачи од градовите во Македонија.
Саемот на мед е поддржан од Општина Куманово, преку Програмата на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР при Општина Куманово.