Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера околу 11 и 30 часот било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с. Романовце, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишна кумановка, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка на возраст од 19 години, а со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово се здобила кумановката која го управувала возилото.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија надлежните.
