„Општина Куманово ќе продолжи да обезбедува сигурно, здраво и поттикнувачко опкружување, каде секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, спорт, култура и можност за безгрижно детство,“ кажа на денешната прес-конференција Сара Каревска, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
„Предвидена е изградба на три нови градинки – во населбите Зелен Рид, Бајрам Шабани и Карпош, како и реконструкција и проширување на постојните детски установи со современи услови за престој и учење. Ќе се вложува во стручно усовршување на воспитувачите, како и во уредување на дворовите со нова опрема и реквизити. Нови катчиња за игра и рекреација во секоја месна заедница, дневен центар за дружење и едукација, како и театар и културен фестивал за деца на отворено, кои ќе го поттикнуваат нивниот развој, талент и креативност“, кажа Сара Каревска, кандидат за советник на Движење ЗНАМ – За наша Македонија.
