Претставници на Македонски олимписки комитет во посета на Куманово

Претставници на Македонскиот олимписки комитет беа во посета на општинските основни училишта, со кои официјално започна проектот ОВЕП (Olympic Values Education Programme), како образовна иницијатива која има за цел да ги промовира олимписките вредности на почит и пријателство преку образовниот процес, информираат од Општина Куманово.

– Во рамките на проектот ангажирани се 20 наставници, кои ќе работат на активности насочени кон развивање на тимски дух и личен развој на учениците. Одржаната фокус група ќе послужи како основа за изработка на прирачник за наставниците, со насоки како овие вредности да се интегрираат во сите предмети на училишните програми. Проектот претставува значаен чекор во насока на воспитување на младите преку спортот и поттикнување на здрави навики, солидарност и позитивен натпреварувачки дух во училиштата, соопштија надлежните.