Културно -уметничкото друштво „Српски вез“ организира годишен концерт по повод 12 години од своето постоење. Концертот ќе се одржи утревечер во НУЦК „Трајко Прокопиев“, со почеток во 19 часот.
„Специјални гости на концертот кои ќе настапат во програмскиот дел ќе бидат Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, како и КУД „Симонида“ од Косово и Метохија. „Српски вез“ ќе се претстави со 7 свои фолклорни групи, оркестарот, етно- групата и пејачката група. Исто така, по овој повод ќе бидат премиерно изведени 4 нови кореографии, 1 комплет нови народни носии од околината на Лесковац, Р. Србија и 1 комплет оригинални народни носии од кумановскиот крај. На концертот е потврдено присуство на неколку министри од Србија и Македонија, директорот на Националниот ансамбл „Коло“ од Белград, како и културни работници од двете земји“, посочуваат од „Српски вез“.
Поради големиот интерес за овој концерт, организаторите најавуваат уште една реприза на концертот во ноември годинава.
