СДСМ: Да градиме заедништво преку образовни програми

-Да не дозволиме повторно разликите да се вгнездат или да се вселат во училиштата како што беше во минатото, да не дозволиме меѓу нашите деца да владее омраза, во училиштата да има физички пресметки туку напротив да градиме заедништво и толеранција првенствено преку образовни програми,  но и севкупно преку проектите што ќе ги имплементираме во државата , е пораката која што ја упати претседателот на Комисијата за образование на Социјалдемократскиот сојуз Петар Атанасов во пресрет на утрешното чествување на Денот на независноста на РМ.

-Ние сакаме да во нашата програма а и владата што ќе биде формирана по изборите на 11 декември големо внимание ќе посветиме токму на соживотот преку мерки проекти и програми кои ќе бидат имплементирани пред се во образовниот систем. во процесот на образование од градинка преку основно и средно до високото  образование треба да се градат вредности што ќе спојуваат и што ќе градат заеднички живот. Тоа се универзалните демократски вредности. Изјави Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ

Програмата на СДСМ потенцира Атанасов промовира едно општество во кое пред се ние ќе бидеме луѓе, членови на нашите семејства, ќе бидеме добри соседи,  на местата каде што работиме ќе градиме односи кои сплотуваат и ќе  ни дозволат заеднички да ја градиме и нашата и иднината на нашите деца .

Коментари

коментар(и)