Сува трева и стрниште гаснеле пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие евидентирала две интервенции.

Во Агино Село пожарникарите од Куманово гаснеле запалено стрниште, а во кумановско Зубовце интервенирале на опожарена сува трева.

И нивни колеги од Старо Нагоричане гаснеле опожарено стрниште во Младо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.