Во кумановското Ново село деновиве се одржа манифестацијата „Есенско пазарче“.
На базарот се претставија локални прозводители со свежи производи, зимници, домашни туршии, сокови, слатка, сувомесни производи, мед, рачно изработени тестенини и секако, свадбарската зелка без која не може да се замисли есенското пазарче.
Манифестацијата имаше и забавен карактер, односно имаше можност за изнајмување велосипеди, како и работилница за деца.
Есенското пазарче се одржува трета година по ред во организација на здружението за рурален развој „Ума Сто“ од Куманово.
