Во СВР Куманово во текот на вчерашниот ден биле пријавени четири обиди за измами, соопштија надлежните.
Според пријавеното, на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.
