Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово денеска ќе се одржи улична трка во централното градско подрачје.
Традиционалниот спортски настан по повод празникот на градот, 11 Ноември ќе започне во 12 часот пред Занаетчискиот дом, а ќе учествуваат ученици од второ до деветто одделение од сите основни, како и од средни училишта во Куманово, во машка и женска конкуренција.
Прво, второ и третопласираните на трката, која се одржува под покровителство на Општина Куманово ќе бидат наградени со медал, диплома и маица, информираат од Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово.
