Во делот под училиштето „Христијан Карпош“ во населбата „Иго Тричковиќ“ потрошувачите денеска ќе останат без електрична енергија до 15 часот, информираат надлежните.
И за утре се најавени планирани прекини на електрична енергија во периодот од 08:00 до 16:00 часот во населбата Перо Чичо, и тоа на улицата „Трајко Прокопиев“, од месноста Магаза до стовариштето за дрва и кон месноста „Чешмиче“, како и на дел од улиците „572“, „Благоја Думановски“ и „17-ти бригади“.