„Во текот на 2025 година, царинската служба реализираше вкупно 413 царински заплени, што претставува значаен показател за засилената контрола и ефикасната работа во заштитата на државните граници“, објави директорот на Царинска управа Бобан Николовски.
Според Николовски, активностите се резултат на континуирана координација меѓу царинските службеници и другите безбедносни институции, со цел спречување на нелегален увоз, криумчарење и организиран криминал.
Заплените опфаќаат разновидни стоки, чиј нелегален промет директно ја загрозува економската стабилност, јавното здравје и безбедноста на граѓаните.
Преку професионално постапување, современи методи на контрола и зголемена анализа на ризик, царината има клучна улога во јакнењето на внатрешната безбедност и заштитата на интересите на државата, потврдувајќи ја својата позиција како важен столб на националниот безбедносен систем“, пишува во објавата на Николовски.