Во организација на Демократската партија на Србите од Македонија и Српската заедница Куманово, традиционално и оваа година ќе се одржи Свечена Светосавска академија по повод националниот празник на Србите во Македонија – Свети Сава.
Академијата ќе се одржи в понеделник (26 јануари), со почеток во 19 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.
На свечената академија се очекува присуство на високи претставници од Владите на Македонија, Србија, Црна Гора, како и реномирани драмски уметници.
Традиционално, Светосавската академија ќе биде збогатена и со настап на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, а пред присутните ќе се претстави и уметничкиот ансамбл на Министерството за одбрана на Србија.