Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле државјанин на Р.Турција, поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола, а истиот допатувал со патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.