СВР Куманово поднесе кривична пријава против 49-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според Министерството за внатрешни работи, на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.