Во салата на Општина Куманово вчера се одржа закажаната втора средба помеѓу претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, координаторите на советничките групи (листи) и претставници на граѓани, поранешни работници во странство (Авганистан и Ирак), информираат надлежните преку соопштение испратено до медиумите.
Според соопштението, на конструктивниот состанок биле изложени информациите од одржаната средба со директорката на УЈП, по што се дискутирало за продолжување на поддршката и препораките од страна на Советот на Општината.
Советниците до засегнатите граѓани доставиле неформални предлог- заклучоци за разгледување, по кои ќе следува дефинирање на барањата, односно точките на дневниот ред, на наредната седница на Советот на Општината.