Во текот на петтата недела од 2026 година (26.01-01.02.2026), во Македонија се пријавени 1.498 (I=81,6/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Од нив, 59 случаи се евидентирани во Куманово, соопштија од Институтот за јавно здравје.
Во однос на возрасната дистрибуција, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (166,8/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Најголемиот број од заболените, 473 се пријавени во Скопје, 146 во Прилеп, во Струмица – 139.