Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска денеска иницираше работна средба на која се разговараше за продолжување на акцијата за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини во Општина Куманово. Средбата е резултат на претходно донесената oдлука за комунален ред од мнозинството советници.
„Присутните констатираа дека постапката за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавни површини е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори од страна на институциите, за најбрзо решавање на проблемот, во интерес на граѓаните и безбедноста во сообраќајот, особено во централното градско подрачје. Надлежните институции продолжуваат со информирање на јавноста за расчистување и отстранување на возилата, кои подолг временски период, се наоѓаат на разни локации (паркинзи на јавни претпријатија, тротоари, семејни дворови и сл.)“, објави Општина Куманово.