Нови садници од видот јасен се засадени денеска кај новиот паркинг простор во кругот на Општа болница Куманово. Соработката со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во однос на хортикултурното уредување на просторот околу болницата ќе продолжи и наредниот период, посочуваат надлежните.