Од дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи ги издвојуваме настаните:
Секторот за внатрешни работи соопшти дека ноќеска еден час по полноќ на улицата „Доне Божинов“ полициски службеници лишиле од слобода 26-годишен жител на село Слупчане, липковско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „ауди“, и по извршени проверки било констатирано дека возалот го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 21 часот, лишен од слобода бил и 47-годишен жител на село Алгуња. При контрола во сообраќајот во село Челопек полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, и по извршени проверки било констатирано дека возачот го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчера полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15 – годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на 25-годиешн кумановец. Исто така, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.