За годишната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Министерството за култура и туризам годинава одвои околу пет ипол милиони денари. Најголема финансиска поддршка доби драмската дејност, информира етнокореологот Дени Синадиновски.
– Вкупната сума од Министерството за култура и туризам е 5 милиони и 515 илјади денари. Со тоа што од областа на драмската дејност одвоени се 4 милиони и 200.000 денари“. Во рамки на македонската драма, поддржани се проектите „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов и „Чичко Кумплуг“ според пиесата „Прирачник за самоуништување“ во режија на Јани Бојаџи. Од албанската драма ја имаме претставата „Амбасадор“ во режија на Андреј Цветковски и „Не се работи за славејчињата“ во режија на Кендрим Ријани. Финансиски средства се обезбедени и за 29-то издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“. Поддршка има и за фолклорната дејност, при што годинава ќе се одбележи јубилејното петто издание на Семинарот за традиционална музика и игра под наслов „Од традиција до сцена“, реализиран во соработка со Националниот ансамбл „Танец“. Од областа на музичко-сценската дејност одвоени се 300 илјади денари. а меѓу проектите се и годишниот концерт на Албанскиот оркестар при Центарот. Тука е концертот на Ана Гацева и Иван Наумовски и годишниот концерт на Албанскиот оркестар при нашата претстава. Јубилејна, петта година по ред, ќе се одржи и Меѓународниот фестивал на проза, додека за визуелните уметности, архитектурата и дизајнот одобрени се 385 илјади денари за повеќе изложбени активности во текот на годината, изјави Дени Синадиновски, етнокореолог – вработен во НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Активностите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ги поддржува и Општина Куманово со 570 илјади денари за сите дејности.