30-тина експонати работени во различни техники, цртежи работени со туш, дигитални фотографии, акрилик и масло на платно,објекти на стакло и дрво вчеравечер беа изложени во центарот за култура Трајко Прокопиев. Делата се од авторката Биљана Кајевиќ, а изложбата е насловена„ Коса“.
-Таа е една од ретките концептуални уметници.Вечерва имаме невообичаена мошне креативна поставка каде што темата е косата. Авторката се обидува да комуницира со гледачот, презентирајќи филозофски замисли и се труди на инспиративен,визуелен начин да не поврзе со нејзиното творештво“-изјави,Роберт Цветковски,историчар на уметност .
Кајевиќ посочува дека темата потекнува од концептот со кој пред две години се презентирала во Њујорк, на тема „Вештерка“.
-Сега оваа тема е стеснета на еден женски аспкет на косата,како истражување на естетска,историска,мистична функција на косата и жената низ историјата и денеска,како се обележувале, на некој начин санкционирале,и не само поради тематиката, туку и поради ликовно изразување,бидејќи доста работам цртеж и структурата и линијата на косата се доста податни за цртање“-изјави Биљана Кајевиќ, авторка на изложбата
Таа дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. Кајевиќ реализира 14 самостојни изложби , а учествувала и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Ова е нејзина трета самостојна изложба пред кумановската публика.