Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер привеле 21-годишен кумановец бидејќи управувајќи мотоцикл не застанал на знак за запирање, даден од полицијата.
– По преземени мерки, возачот и мотоциклот биле пронајдени на бензинска пумпа во Куманово, при што тој агресивно се однесувал и ги попречувал полициските службеници во извршување на службени дејствија, се наведува во соопштението на СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот против кумановецот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мотоциклот бил одземен.