АД Пошта на Македонија обезбеди шест службени возила за потребите на објектот на поштата во Куманово. Надлежните сметаат дека со поголем број на возила поштенските услуги ќе бидат поефикасни. Најавена е и реконструкција на поштата во градот. Инаку, набавката на 100 нови возила е дел од поширокиот процес на модернизација на „Македонска пошта“, насочен кон подобрување на квалитетот, ефикасноста и достапноста на услугите за граѓаните и компаниите низ земјата.