Уште една група деца од српската заедница во Македонија, ученици во основното училиште „Браќа Рибар“ во кумановското село Табановце и подрачните училишта, како и членови на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ утрово заминаа во Република Србија.
„Овој пат ќе учествуваат на кампот „Младите чувари на традицијата“ во Крушевац каде што ќе имаат можност преку дружење, едукација и повеќе активности да ги запознаат своите врсници од Србија, регионот и дијаспората. Се заблагодаруваме на Кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспората во Владата на Р.Србија, г-н Ѓорѓе Миличевиќ за поканата, гостопримството и континуираната поддршка на програмите кои ги поврзуваат нашите деца со матицата“, објави Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.