Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време со цел да се намали ризикот од здравствени последици.
„Да се избегнува директно изложување на сонце и престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, доколку престојот надвор е неопходен, се советува почесто одморање под сенка и избегнување директна изложеност на сончевите зраци, граѓаните да носат лесна и светла облека, како и заштитни очила, да внесуваат доволно течности и полесна храна“, се само дел од препораките на Институтот за јавно здравје.