Во тек се уписите во сите објекти на детската градинка „Ангел Шајче“. За приемот на новите деца комисијата ќе одлучува на 17 август годинава, информира директорката Ивана Николиќ. Продолжува и проектот за бесплатен престој на дваесет деца Роми од социјално загрозени семејства.
„Сакам да им укажам на родителите да имаат разбирање кон нас и кон слободните места што ги имаме. Не секогаш сме во можност да им излеземе во пресрет за објектот што се наоѓа најблиску до нивното место на живеење. Потребно е децата да ги распоредиме онаму каде што имаме слободни места. Иако 370 деца заминуваат во училиште, тоа не значи дека имаме точно толку слободни места, затоа што веќе работиме со надминат капацитет, за што имаме согласност од Советот на Општина Куманово“, изјави Николиќ.