Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на неколку локации во општините Куманово и Липково, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билетнот на РЦУК, во липковското село Никуштак пожарникарите од Куманово гаснеле опожарена сува трева.
Вчеравечер имало интервенција и во населбата Перо Чичо каде што бил опожарен отпад, а на улицата „Моша Пијаде“ пожарникарите гаснеле опожарена сува трева.
Екипа на ТППЕ Старо Нагоричане вчера интервенирала во селото Ругинце на опожарено стрниште и сува трева.