Хуманитарното здружение „Мајка“ в петок (03.07. 2026 г.) со почеток во 13 часот, во кружната сала на поранешен комитет ќе одржи јавна трибина „Улогата на месните заедници и вклученоста на жените во раководството“.
Трибината се организира со цел отворање на јавна дискусија за значењето на месните заедници како важен механизам за учество на граѓаните во локалното одлучување, како и за можностите за поголема застапеност и активно учество на жените во структурите на месните заедници.
Активноста се реализира во рамки на Годишната програма за работа на хуманитарно здружение „Мајка“, со финансиска поддршка преку институционален грант од „Акција Здруженска“, во рамките на Фондот за поддршка на локалниот женски активизам, финансиран од Kvinna till Kvinna и Шведска.