Во Куманово денеска се одржа Регионален форум на Североисточен плански регион за одржлив третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“. Овој проект е поддржан од Владата на Швајцарија преку Програмата „Цивика мобилитас“, а спроведуван од здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.
Целта на проектот е да придонесе кон транзиција на општините во рамки на концептот „нула отпад“ преку подобрување на управувањето со биоотпадот, намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.