„Во јуни постигнавме историски рекорд во наплатата на приходи, 12,68 милијарди денари, највисока месечна наплата досега во историјата на Царинската управа. Во споредба со истиот месец лани, тоа се 37,9 милиони евра повеќе, а од почетокот на годината наплатата е зголемена за 63,3 милиони евра.
Овие резултати се доказ дека со посветена работа, одговорност и цврста контрола даваме силен придонес за стабилни јавни финансии и одржлив економски развој. Благодарност до сите што се дел од овој успех“, објави Бобан Николовски, директор на Царинската управа на Македонија.
