Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска беше во работна посета на СВР Куманово. Во отсуство на началникот на СВР Куманово, информациите за безбедносната состојба во кумановско и сите останати активности на секторот за внатрешни работи Андонов ги доби од заменик началникот Моме Јакимовски.
– Убеден сум дека наводните денешни неодложни обврски на началникот на СВР Куманово поставен од привремениот министер Спасовски не беа толку неодложни да не биде тука за да се видиме и поразговараме за безбедносната состојба од интерес на граѓаните на РМ. Ова само покажува кои се тенденциите и со што се за жал ќе се сретнуваме во идниот период до формирањето на политичката владата во РМ, изјави Оливер Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи
Иако западнобалканската рута официјално е затворена сепак постојат илегални миграции потврди денеска и Андонов.
-Поголемиот дел од активностите на полицијата со тоа вклучително и на СВР Куманово е насочена кон пронаоѓање на криумчарските групи. Имавме пред една недела една активност во селото Лојане која успешно заврши. Благодарам на СВР Куманово и на граничната полиција за добрата активност . Не постои можност 100 процентно да ја спречиме илегалната миграција , но доколку дојде до поголем бран на организирано движење на мигрантите односно наплив од Северна Африка и од Блискиот исток полицијата и воопшто РМ се подготвени за еден таков предизвик.
Што се однесува до најавуваниот втор мигрантски бран од Северна Африка , Андонов смета дека државата како и досега и во иднина успешно ќе се справува со мигрантската криза.