Волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово денеска на грдскиот плоштад реализираа превентивна активност за заштита на населението од последиците од високите температури и топлотните бранови.
Како што пишува во објавата на Црвен крст Куманово, во рамките на активноста е извршено бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок кај заинтересирани граѓани. На граѓаните им биле дадени основни совети за превенција и заштита од топлотен бран, со посебен акцент на редовното внесување течности, избегнување директна изложеност на сонце и внимателност кај повозрасните лица и лицата со хронични заболувања.
Дополнително, волонтерите дистрибуирале вода на граѓаните на плоштадот, со цел да се придонесе кон превенција од дехидратација.