Поради интервенции на дистрибутивната мрежа, утре делови од Куманово ќе останат без напојување со електрична енергија, односно корисниците од улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во периодот од 07:45 до 14:45 часот, а во периодот од 08:00 до 14:30 часот прекини ќе има во селото Белановце, липковско.
Без струја пак, во петок ќе остане дел од населбата Ајдучка Чешма, поточно улиците „524“, „525“, „526“, како и дел од улицата „300“ (од бара до магистрала).
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.