Во Занаетчискиот дом вчеравечер е отворена првата самостојна изложба на спортска фотографија од кумановката Тијана Додевска. 20-годишната студентка на Медицинскиот факултет, идна физиотерапевтка успеа преку 46 фотографии да им ги прикаже на присутните на изложбата трибините, терените, арените, стадионите, победите, поразите, адреналинот и приказните што ги доловила низ нејзиниот објектив.
„Ова не е само изложба на фотографии. Ова е дел од мојот пат, раскажан низ спортот“, вели Тијана.
Инаку, станува збор за трета изложба на спортска фотографија во Македонија, а прва во Куманово и тоа изложбата на младата Тијана Додевска.
