На отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 16 години, кое се одржа од 5 до 7 септември со учество на 40 натпреварувачи во двете конкуренции, домашните тенисери остварија забележителни резултати. Во женска конкуренција, победничкиот пехар го понесе Ведрана Таневска од ТК Охрид, додека второто место и титулата финалист и припаднаа на Мартина Караџиќ од ТК Тумба – Куманово. На турнирот успешно настапи и младата и перспективна Дарија Георгиевска, сооопштија од ТК Тумба. Кај јуниорите, во веќе препознатливото кумановско дерби, Алексеј Стојановски беше поуспешен од Марин Стефановски. Двајцата тенисери доаѓаат од редовите на ТК Тумба, клуб чии бои ги бранеше и полуфиналистот Стефан Дебрешлиевски. Успесите на домашната тениска сцена продолжуваат со нов значаен спортски настан.

Веќе од 7 септември 2026 година, во организација на ТК Тумба, започна првото издание на престижниот меѓународен турнир Tennis Europe – Тумба Куманово Опен 2026. Овој турнир се организира со цел младите тенисери да добијат можност за квалитетни меѓународни мечеви, што претставува клучен предуслов за нивниот натамошен развој. На турнирот настапуваат педесеттина учесници од 10 европски земји, како и натпреварувачи од Австралија и САД, информираат од клубот. Турнирот ќе трае до 12 септември и претставува значајна можност за младите тениски таленти да одиграат квалитетни меѓународни мечеви и да стекнат искуство неопходно за нивниот понатамошен развој.
Натпреварите се играат секој ден од 09:00 часот, во текот на целиот ден, а од ТК Тумба ги повикуваат љубителите на спортот да ги посетат тениските терени и да им дадат поддршка на кумановските претставници.