Општинската организација на Црвениот крст Куманово организира вонредна крводарителска акција поради намалените резерви крв во летниот период. Акцијата ќе се спроведе в понеделник во периодот од 09 до 14 часот во просториите на Центарот за култура.
Од Црвен крст Куманово ги покануваат сите здрави и полнолетни граѓани да се приклучат на вонредната летна крводарителска акција и со својот хуман гест да помогнат некому.