Тече рокот за поднесување на барања за директни плаќања односно субвенции за 2026 година во земјоделството. Право на директни плаќања имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Крајниот рок за мерките по површина и по грло добиток е 30 септември, информира раководителот на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во Куманово, Џабир Рамадани.