Општинската организација на Црвен крст Куманово, Светскиот ден на првата помош денеска го одбележа на градскиот плоштад „Нова Југославија, преку едукативна активност посветена на првата помош и миграциите, под мотото „Прва помош за сите, насекаде“.Според објавата на Црвен крст Куманово, активноста е реализирана во соработка со СВР Куманово, при што биле едуцирани 40 случајни минувачи и учесници во сообраќајот.
„Преку показна вежба беа демонстрирани основни постапки за укажување прва помош при најчести повреди и итни состојби, со посебен акцент на предизвиците со кои можат да се соочат мигрантите, како дехидратација, хипотермија, смрзнатини и трауматски повреди. На граѓаните им беа поделени и едукативни брошури за прва помош и самопомош, со цел да се информираат за правилно постапување во итни ситуации. Со активноста се придонесе кон подигнување на свеста за значењето на првата помош и важноста од навремена реакција, која може да спаси живот“, се наведува во објавата на општинската организација.