Во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади на РСМ, денеска во Скопје, беа потпишани трипартитни договори за соработка на проектот: „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки” за учебната 2026/2027 година.
На настанот присуствуваа претставници од повеќе општини, меѓу нив и Куманово, со директори и претставници од детските градинки, кадешто ќе се имплементира проектот во оваа учебна година.
Договорите се потпишани по разгледување на Информацијата за инклузија на деца Роми, во предучилишното образование за период од 01.01. – 30.06. 2026 год., од страна на Владата на РСМ, по што беа усвоени заклучоци, кои доведоа до потпишување на денешните Договори и започнување на проектните активности.
На денешниот настан, Општина Куманово ја застапуваа претставникот од Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој, Ахмет Јашаровски и директорката на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово, Ивана Николиќ.