Општина Куманово започна со изградба на гаража за противпожарни возила наменети за Доброволното противпожарно друштво од село Табановце, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
„Во моментов активно се работи на метална конструкција, варосување и фарбање на противпожарните гаражи, по што следува затворање на целиот објект се поставување на панели. Со реализацијата на овој проект, ДПД од с. Табановце ќе располага со 2 противпожарни возила, донација од покраината Тирол, Австрија. Соработката помеѓу Општина Куманово и покраината Тирол продолжува, со конкретни проекти кои придонесуваат за подобрување на условите за работа на кумановските пожарникари и унапредување на безбедноста во руралните средини. Истовремено, се работи и на изградба на гаражи од овој тип за доброволните противпожарни друштва во с. Клечовце и с. Орашац“, пишува во објавата на Димитриевски.