Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 04.10.2026 година во 15:40 во с.Опае, Општина Липково, полициски службеници лишиле од слобода 43-годишен жител на с.Брест, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што било утврдено дека возилото го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 04.10.2026 во 18:50 часот во с.Степанце, Општина Старо Нагоричане, полициски службеници го лишија од слобода 37-годишен жител на с.Степанце. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мотоцикл со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.
Полицијата соопшти дека на 04.10.2026 во 15:17 часот во СВР Куманово, 39-годишен кумановец, вработен како техничар на едно одделение во Општа болница Куманово, пријавил дека додека извршувал работни задачи бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 04.10.2026 околу 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, во атар на с.Никуштак, Општина Липково, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната жителка на с.Никуштак, излетало од коловозот и се превртело.
Според СВР Куманово, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините две малолетни сопатнички, додека со телесни повреди В.А., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 04.10.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода жител на с.Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар. Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.