Основниот суд Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајко Бојковски од Општина Старо Нагоричане, прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.
Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска.
Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.