Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат четири интервенции, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, опожарена сува трева пожарникарите гаснеле во селата Никуштак и Романовце, а во периодот од 18:20 до 20:50 часот две екипи на ТППЕ Куманово интервенирале во село Лопате каде што биле опожарени железнички стари дрвени прагови и сува трева.
Пожарникарите од Општина Старо Нагоричане гаснеле опожарена сува трева во во селото Сув Орах.