Општинскиот штаб за заштита и спасување на состанокот одржан викендов предложи и Центарот за јавно здравје – Куманово да изготви информација за актуелната состојба и насоки за превентивно делување на Штабот во делот на спречување на евентуалните последици, што би можеле да настанат од нередовното собирање и депонирање на сметот, на територијата на Општина Куманово; да се изврши дезинфекција на сите локации за собирање на смет, по план и препорака од страна на Центар за јавно здравје Куманово, а пак, ЈП „Водовод“ да изврши контрола на сите сливни решетки и шахти за одводнување на атмосферски води а доколку е потребно, чистење, санирање или замена на истите, заради обезбедување на функционалност.